ЗА НАС

ПСИНАПСИС е здружение кое активно се залага за промоција на ментално и физичко здравје. ПСИНАПСИС е основано од три психолози кои работат за реализирање на целите на здружението преку активноси како: достапно психолошко советување и психотерапија, психолошки работилници и психолошко тестирање. Хетерогеноста на нашиот тим овозможува да ја изберете токму услугата која вас ви е потребна, трудејќи се да ја направи пристапна за секоја возрасна група.

Запознајте се со основачите на ПСИНАПСИС:

Јасмина Јонуз

Јасмина Јонуз е лиценциран психолог, магистер по советодавна психологија, когнитив бихејвиор и шема терапевт под супервизија. По своето дипломирање фокусот го насочува кон психотерапијата и магистрира советодавна психологија на Универзитетот Шефилд. Во 2019г. започнува со своите докторски студии во полето на клиничката психологија. Голем дел од својата кариера поминува во невладиниот сектор со советодавна работа со маргинализирани групи во организации како ХЕРА, ХОПС и СОС Детско село. Во последните три години е ангажирана како предавач на неколку предмети од областа на психологијата во Универзит ,,Зигмунд Фројд ” во Австрија. Моментално вработена како психолог во Поликиника МВР (ЈЗУ Здравствен дом Скопје). Особен интерес во психотераписка работа со анксиозни растројства и растројства на личност.

АЛЕКСАНДРА ПАНЧЕВСКА

Александра Панчевска е лиценциран психолог и гешталт терапевт. Додипломските студии ги има завршено на Институтот за Психологија на Филозофскиот факултет при УКИМ. Во текот на студиите има поминато еден семестар како студент на размена на Факултетот по Психологија при Болоњскиот Универзитет во Италија. Моментално е во завршна фаза од едукација за гешталт терапија, според акредитирана програма од Европската Асоцијација за Гешталт Терапија (ЕАГТ). Во текот на својата едукација била вклучена во бројни обуки, предавања и семинари, како учесник и како предавач. Незиното работно искуство вклучува работа како психолог – консултант за човекови ресурси, психосоцијална поддршка на ранливи категории на бегалци, психолошко советување и психотерапија. Нејзиниот професионален интерес за работа е насочен кон личен раст и развој, психотерапија и работа со траума.

ИРЕНА НИКОЛОВСКА

Ирена Алексова е лиценциран психолог кој има дипломирано психологија во Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. По завршувањето на студиите нејзиниот професионален пат се фокуираше на детска и развојна психологија, со тоа што таа беше под супервизија на Гешталт терапија и дополнително се образуваше во клиничка дијагностика. Значително, има завршено едукација по Невропсихолошка дијагностика во Центарот за невропсихологија, психотерапија и психологија-Когниција. Посветена на постојан професионален развој, Ирена активно учествува на семинари, работилници и курсеви за да ги зголеми своите квалификации. Таа го има применето своето долгогодишно искуство на различни места, вклучувајќи работа со мигрантски деца во Министерството за труд и социјална политика во Скопје, како психолог во не-владини организации како СОС Детско село и Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Скопје итн. По завршувањето на Академијата за човечки ресурси (Април 2023 година) во CreativeHub во Скопје, работи како Специјалист за човечки ресурси и активно ја применува и ја искористува нејзината експертиза, специјализирајќи се во овој домен.